Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го коментираше поразот од Галатасарај (2:3) во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Двапати водевме и ја контролиравме играта. И тогаш, да, направивме некои грешки, некои фундаментални грешки кои обично не ги правиме во играта. Но, тие не можат да бидат дозволени на ова ниво. За вакви грешки веднаш стигнува казна. Тешко е да се контролира, но сите сме во ова заедно. Не само еден прави таква грешка, туку ние како тим правиме такви грешки, па го губиме натпреварот, што беше сосема непотребно, бидејќи, како што реков, водите двапати, ја контролирате играта и не очекувате таков исход“ беа зборовите на Тен Хаг по натпреварот.
По 2. коло Манчестер Јунајтед е на последното место без бодови во групата А заедно со Баерн, Галатасарај и ФК Копенхаген.