Откако се појави веста дека Челзи ќе му плати на Ајакс околу 40 милиони евра за да го купи одличниот фудбалер, Хаким Зијаш, тренерот на холанѓаните, Ерик Тен Хаг, не крие дека тоа се очекувало во клубот.
„Трансферот доаѓаше и очекувавме да се случи. Јас искрено очекував да се случи пред една или две години. Среќни сме дека го имаме до крајот на сезоната“ –изјави тренерот на Ајакс.
Интернационалецот од Мароко неколку сезони се наметнува како еден од најдобрите напаѓачи во клубот. Тој до крајот на сезоната ќе остане на „Амстердам Арена“ а потоа ќе се активира кај „сините“ од Лондон.