Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг зборуваше за силата на играчите на тимот.
„Среќен сум со Мегваер. Мислам дека навистина добро напредува и навистина е добар во натпреварите што ги игра. Но, имаме голема конкуренција. Хари е сериозен конкурент на Рафаел Варан, кој исто така е брилијантен играч. Но, ако сакаме да го оживееме Манчестер Јунајтед, потребни ни се врвни играчи, по двајца на секоја позиција, бидејќи сакаме да играме во толку многу натпреварувања. Имаме одредени позиции каде што нема доволно класа, а тоа не треба да биде случај ако сакаме да се бориме за најголемите трофеи“, изјави Тен Хаг за „Мирор“.
Манчестер Јунајтед во моментов е на третото место во Премиер лигата, а денес гостува кај Лидс Јунајтед.