Македонската тениската Дејвис куп репрезентација со денешниот меч против Исланд ќе го отвори турнирот од Третата Европска зона кој се реализира во соседна Бугарија.
На мечот со „рибарите“ прв на теренот ќе се појави Србљак кој ќе игра против Егил Сигурдсон додека потоа Грабул ќе игра против Биркир Гунарсон. Во мечот во двојки Србљак и Грабул ќе треба да играат против истите ривали од сингл мечевите.
Македонија во досегашните три пресметки со Исланд има предност од 2-1 во победи.