Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата група од Европската зона во Дејвис Купот.
Тие денеска во баражот ја совладаа селекцијата на Сан Марино со 2 спрема 1. Мечот го реши играта во двојки. Бугариќ и Хусеиновиќ славеа со 2-0 против Де Роси и Томезани. Првиот сет го добивме со 6:4 а вториот со 6:3.
Претходно во сингл, Бугариќ го совлада Мурачини со 2-0 по сетови 7:5 и 6:2 додека Марковски загуби од Де Роси во два сета со 6:0 и 6:1.