Tениската Федерација на Македонија од 10-ти до 14-ти јуни е домаќин на турнирот од „DAVIS CUP Europe Group III“. Покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и Ерменија, Малта, Летонија, Црна Гора и Молдавија.
Боите на Македонија ќе ги бранат: Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ и младиот Кристијан Јанев. Во улога на капитен-селектор, ќе биде Горан Шевченко. На денешната средба со новинарите, сите тенисери побараа поддршка од трибините за да се оствари целта и да се обезбеди место во втората група во Девис Купот.
Според распоредот, Македонија утре ќе игра со Малта, в среда против Црна Гора, ден потоа со Молдавија. На 13 јуни ќе излеземe на мегдан со Ерменија а во последното коло ќе ги одмеримe силите со првиот фаворит, Летонија. Влезот на терените на ТК Југ во Градскиот парк е слободен. Мечевите ќе започнат во 10.30 часот.

