Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Тенисерите со жестоки реакции по неказнетите позитивни допинг тестови на Синер
    Тенис

    Тенисерите со жестоки реакции по неказнетите позитивни допинг тестови на Синер

    sasoBy saso21/08/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Земјотресот што го погоди професионалниот тенис по објавата на Меѓународната асоцијација за интегритет во тенисот дека светскиот рекет број 1 Јаник Синер во март имал два позитивни допинг теста за кои не е казнет, не само што не стивнува, туку сигурно ќе беснее уште некое време, особено што во понеделник започнува УС Опен.

    Тенисерите кои се огласија во јавноста се многу остри во критиките кон Синер,но уште повеќе кон АТП. Некои навистина се изненадени што првиот човек на оваа организација, Андреа Гауденци, е сонародник на Синер и не го суспендирал и покрај двата позитивни наоди.

    „Ова се страшни вести за тенисот“ – изјави Томас Карбонел, поранешен шпански тенисер, а сега коментатор.

    „Јаник имаше среќа бидејќи има сонародници на врвот на АТП. Тој што има пријатели има и богатства“, напиша Французинот Лука Пуј, некогаш десеттиот најдобар тенисер во светот.

    Реагираше и Денис Шаповалов, кој вели дека „Не можае да замисли како се чувствуваат сите оние тенисери кои беа жестоко казнети. Постојат различни правила за различни играчи“, додава Канаѓанецот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.