Женската репрезентација на Македонија забележа победа и во дуелот од 4. коло против Исланд. Вториот поен го донесе нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која во вториот сингл меч ја совлада Софија Солеј Јонасдотир со 2-0 во сетови (62 60) за 54 минути игра. По водство од 2:0 за Македонија мечот во двојки нема да има влијание на победникот во дуелот.
Во првиот меч Магдалена Стоилковска ја победи Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (61 60).
Во мечот во двојки за Македонија ќе настапат Александра Симева и Ива Данева.