Македонските тенисерки направија пет победи во исто толку мечеви во Третата европска зона од Били Џин Купот кој се реализира во Скопје на терените на ТК Југ.
Тие денеска ја совладаа Молдавија откако ги добија двата меча во сингл што значи дека дуелот во двојки доколку се одигра нема да промени ништо.
Во првата пресметка Магдалена Стоилковска славеше против Даниела Чобану со 2-0 во сетови 7-6 и 7-5. Во вториот меч во поединечна конкуренција, Лина Ѓорческа експресно ја совлада Екатерина Вишневскаја со 2-0 по сетови 7:5 и 6:3.