Женската репрезентација на Македонија оствари нова победа во групата Б од Третата Европска зона која се реализира во Скопје на терените на ТК Југ.
Во четвртото коло нашите тенисерки го совладаа Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска беше подобра од Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови а Лина Ѓорческа со истиот резултат ја победи Софија Солеј Јонасдотир. Во игра на двојки, Александра Симева и Ива Данева славеа против Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 6-3 и 6-3.
Македонија во наредното коло ќе игра со Молдавија. Ние досега имаме максимални четири победи.