Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тео Ернандез може да ги пропушти дуелите со Челзи и Јувентус
    Фудбал

    Тео Ернандез може да ги пропушти дуелите со Челзи и Јувентус

    risteBy riste20/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез е надвор од терените поради повреда која би можела да го исклучи од натпреварите против Челзи и Јувентус по репрезентативната пауза. 24-годишниот дефанзивец е еден од најважните играчи на Милан. Тој викендов одигра цел натпревар против Наполи, но по натпреварот беше откриено дека има сериозен проблем.

    Тестовите направени врз него покажаа истегнување на десниот аддуктор. Повредата предизвика тој да биде повлечен од репрезентацијата на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нации. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови следната недела, кога ќе биде појасно кога ќе се врати на терените.

    Таквата повреда обично бара околу три недели закрепнување. Сигурно ќе ја пропушти средбата со Емполи на 1 октомври, но под сериозен знак прашалник е за натпреварите од Лигата на шампионите со Челзи на 5 октомври и дербито со Јувентус на 8 октомври.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Патот кон ЕП го започнавме со победа

    23/03/2023

    Семин: Кварацелија игра неверојатно добро

    23/03/2023

    Гетце: треба да се вратиме на победите

    23/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.