Левиот бек Тео Хернандез официјално се пресели од Реал Мадрид во Милан, откако договорот со неговиот нов клуб беше потпишан денес.
21-годишниот Французин ги помина медицинските прегледи во понеделникот и вторникот, но од Милан го немаа објавено како нивен нов играч. Сепак, стана јасно дека неговиот 5-годишен договор минатата ноќ е регистриран во италијанскиот фудбалски регистар, кој е онлајн достапеа следното утро.
Финансиски параметри од договорот не се познати, но се претпоставува дека договорот е за трансфер, а не за позајмица и дека се работи за сума од 20 милиони евра.