Главниот организатор на играта во српската кошаркарска репрезентација, Милош Теодосиќ, заработил потешка повреда на вчерашниот пријателски меч со Литванија по што ќе мора да го пропушти Мундијалот во Кина.
Медиумите кај нашиот северен сосед пренесоа дека играчот на Клиперси ја обновил повредата на тетивата поради која во два наврата мораше да паузира во НБА и дека ќе оди на подолг процес на рехабилитација.
Засега нема информација дали селекторот Александар Ѓорѓевиќ, ќе повика друг играч на местото на Теодосиќ кој дефинтивно отпана од комбинација за Мундијалот во Кина.