16-годишната тенисерка на ТК Југ, Теона Андова е новата шампионка на Македонија, откако денеска во финалето ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (46 64 75). Најголема пречка за двете тенисерки беше топлото време. До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските репрезентативки Александра Симева и Ива Данева и тоа двете на идентичен начин со пресврт, откако го загуби првиот сет.
За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионскта титула од 2021 година.