Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген го одбрани пеналот кој го изведе играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс синоќа на првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите.
Така, германскиот голман кој е на голот на Барселона има на своја сметка во Лигата на шампионите четири одбранети пенали од шест изведени идари од белата точка. Со овој одбранет пенал Тер Штеген се израмни со постигнувањето од сезоната 2003/2004 кога голманот на Шахтјор, Андреј Пјатов, оствари ист ваков резултат. Пјатов исто така имаше одбранети 4 пенали од 6 изведени против него во Лигата на шампионите.
„Луѓето знаат за што сум способен. Сакам целосно да се концентрирам на мојата работа и да играм со максимум од моите можности. Ми се чини дека денес го покажав тоа “, рече Тер Штеген по мечот.