Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген ги сподели своите очекувања за реваншот од 1/4-финалето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед, кој ќе се игра вечерва на „Камп Ноу“. Каталонците имаат предност од првата средба од 1:0.
„Ние се соочуваме со тим кој има исти желби како нас. Манчестер Јунајтед често постигнува гол како гостин и нивните шанси по првиот натпревар се сметаат за минимални. Сакаме да ја докажеме нашата супериорност над таков противник во двата натпревари. Во Лигата на шампионите сè може да се случи, само да се присетиме на последните три сезони. Ако сакаме да покажеме дека сме посилни од Манчестер Јунајтед треба повторно да победиме, покажувајќи добар фудбал. Пред една година отпаднавме во оваа фаза и не сакаме да го повторуваме тоа сценарио. Мислам дека можеме да победиме. Наш плус ќе се и многуте фанови кои ќе бидат на трибините на „Камп Ноу”, изјави Тер Штеген.
Пред една година Барса имаше предност од 4:1 против Рома, но на реваншот одигран во Рим загуби со 3:0 и беа елиминирани.