Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген денес имал успешна операција на десното колено, соопшти каталонскиот клуб.
Германскиот голман ќе биде надвор од теренот околу два и пол месеци, според првите информации од „Камп Ноу“. Ова значи дека Барселона ќе треба да игра без него до ноември, а новата сезона во Ла Лига започнува кон средината на септември.
Во текот на целата сезона, Германецот беше загрижен за болката во коленото и беше решено да се изврши неопходната интервенција по крајот на сезоната.