Три клуба од англиската Премиер лига – Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл – покажуваат интерес да го потпишат голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, на позајмица со опција за откуп, објави TEAMtalk.
Според изворoт, раководството на каталонскиот клуб размислува за продажба на 33-годишниот голман, бидејќи младиот шпански голман Жоан Гарсија покажа импресивни настапи на почетокот од сезоната во Ла Лига. Во тековното првенство, 24-годишниот Гарсија одигра шест натпревари, прими само четири гола и трипати ја сочува мрежата.
Откако дојде во Барселона во летото 2014 година, Тер Штеген имаше 422 настапи за клубот, помагајќи им на Каталонците да освојат шест титули во Ла Лига.

