Поранешниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, реши да се повлече од активно играње на фудбал.
37-годишниот ветеран беше без клуб откако во текот на летото ја напушти Астон Вила. Иако имаше понуди да продолжи во Русија и САД, сепак се определи да се пензионира. -По 23 неверојатни години како фудбалер, одлучив дека дојде време да се повлечам “ – напиша дефанзивецот на неговиот профил на – „Инстаграм“.
Тери е вистинска икона на Челзи бидејќи за две децении освои пет титули во Премиер, пет ФА Купа, титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и пет пехари во Лига купот со што стана најтрофеен играч на „сините“. Тој има и 78 настапи за Англија.