Фудбалскиот меч од квалификациите за ЕП меѓу Белгија и Шведска е прекинат на паузата меѓу двата дела откако гостите одбија да продолжат поради терористичкиот акт во кој беа убиени две лица.
Имено, медиумите во Белгија објавија, дека во центарот на Брисел, напаѓачот, кој викал дека е член на ИСИС и извикувал „Алаху акбар“, застрелал две лица наводно, облечени во дрес на Шведска и тоа на само пет километри од стадионот „Хејсел“.
Портпаролката на белгиското Обвинителство потврди дека е отворена истрага но, не шпекулираше за мотивите на напаѓачот. На видеата на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот користи автоматска пушка а потоа побега од местото на настанот.