Тренерот на Борусија (Д), Един Терзиќ, по мечот со Челзи синоќа даде свое мислење за текот на дуелот во Лондон.
„Овој резултат е тешко да се прифати, многу сме разочарани. Тоа беа два исклучително интензивни натпревари. Во вториот дел прикажавме многу доминантна игра и создадовме многу шанси, но на крајот тоа не беше доволно. Мора да се каже дека Челзи заслужи да оди понатаму со оглед на текот на двата натпревари. Но, и ние немаше да биде незаслужено да поминеме понатаму. Одигравме два одлични натпревари“, изјави Терзиќ.