Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тешка повреда стави крај на кариерата на Андреа Ранокија
    Фудбал

    Тешка повреда стави крај на кариерата на Андреа Ранокија

    risteBy riste23/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот италијански репрезентативец Андреа Ранокија одлучи да објави крај на фудбалската кариера. Причина за тоа е што се здобил со тешка повреда. Дефанзивецот има скршеница на фибулата и поради оваа причина прво ја напушти својата екипа Монца, а потоа објави дека трајно се повлекува од фудбалот. Тоа го направи со порака на Инстаграм.

    „Имав среќа да го запознаам тренерот Пјетро Монтанели, кој ме откри како дефанзивец и ме трансформираше во фудбалер каков што бев до вчера. Им благодарам на сите тренери со кои работев во кариерата. Секогаш ќе ги паметам тие денови. Антонио Конте ме трансформираше мене и ми го смени начинот на размислување.Тој е тренер кој не те остава ист како порано.Имав среќа да работам со него и после тоа мојата кариера достигна највисоко ниво.Имав среќа да играм против најголемите и јас сум горд на тоа. Секогаш давав се од себе и му благодарам на моето семејство за поддршката што ми ја дадоа и за сите среќни моменти“, напиша Ранокија.

    „Во последните година и пол поминав низ тежок период од мотивациски аспект, дури и додека бев во Интер. Монца ми понуди нова можност и добар договор и јас ја искористив. Во еден момент се почувствував празно и почнав да си поставувам прашања, а потоа дојде тешката повреда во Неапол, која би ме оставила надвор од терените со месеци. Размислив и решив дека штом клубот ми даде доверба, не можам да се потсмевам со него. Немаше ништо повеќе да му дадеме и се разделивме со Галијани како пријатели.Тој беше одличен господин и ме разбираше. Сега ќе направам пауза да се смирам, да ги средам овие емоции и во наредните месеци да донесам одлука за мојата иднина. Единствено е сигурно дека повеќе нема да играм фудбал“, додаде дефанзивецот.

    34-годишниот дефанзивец помина 11 години во Интер, каде го постигна најголемиот успех во кариерата, откако еднаш го освои Скудетото, двапати го крена Купот на Италија и еднаш Суперкупот. Играше и за Перуџа, Арецо, Џенова, Бари, Сампдорија и Хал Сити. Покрај тоа, тој исто така одигра 21 натпревар за репрезентацијата на неговата земја.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    • Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј
    • Јуве сака да го раскине договорот со Погба
    • Далас победи, но Дончиќ се повреди
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.