Првата ѕвезда на фудбалскиот состав манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе мора да го пропушти големото дерби против Ливерпул во Премиер лигата закажано за 20 октомври.
Со тоа се остварија најавите на весникот – „Дејли мејл“, кој претходно објави, дега Французинот нема да успее да се рехабилитира иако работи под посебен лекарски режим во Дубаи. Неговиот тим го има најлошиот старт во една сезона гледано триесет години наназад додека „црвените“ играат беспрекорно и се заковани на првото место на табелата со максимален ефект.
Црномурестиот играч најверојатно ќе мора да ги прескокне и мечевите со Партизан во Лига Европа, со Норвич во Премиер лигата и со Челзи во Лига Купот на Англија.