Нашиот фудбалски шампион, Шкендија, утре ќе го одигра првиот меч против Шериф од Молдавија во рамките на 2 коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Средбата ќе се реализира на Арената во Скопје а главен судија ќе биде, Мадс Кристоферсен од Данска. Ќе му помагаат, Денис Расмунсен и Виктор Ските а четврти судија ќе биде Мајкл Тикард Европската фудбалска куќа (УЕФА) денеска во 12 часот ќе ги извлече двојките за 3 коло од ЛШ.
Шкендија е во групата на неносители а доколку го елиминира Шериф, како можни противници ќе ги има Салзбург, потоа победниците од пресметки што доаѓаат меѓу Лудогорец (Буг) и Видеотон (Унг), Селтик (Шко) – Розенборг (Нор), Легија (Пол) – Спартак (Слв), Астана (Каз) – Мидтјиланд (Дан), Кукс (Алб) – Карабах (Азе).