Фудбалскиот шампион Шкендија е најдобриот македонски тим кој фигурира на клупската листа на УЕФА. Тетовци со последните победи против ТНС и Шериф во квалификациите за ЛШ успеаа да го поминат Вардар кој драстично го расипа рејтингот по поразите од Пјуник во квалификациите за ЛЕ.
Шкендија сега има коефициент 5.500 што е доволно за 163-то место додека „црвено-црните“ имаат коефициент 5.000 кој ги спушти на 180-та позиција. На листата на УЕФА има 449 клубови.
Што се однесува до ефектот на земјите кои имаат претставници во европските конкуренции, Македонија има коефициент 7.878 и се наоѓа на 34. место од вкупно 55 рангирани.