Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го заврши настапот во елитната конкуренција на Европа откако доживеа пораз на домашен терен од Номе Калју со 2 спрема 1 иако на првиот меч во Естонија славеше со 1:0.
Гостите поведоа преку Уге уште во 5. минута додека Ибрами изедначи од пенал во 62 минута. Кога сите го чекаа крајот на мечот, по едно невнимание на нашиот тим, естонскиот претставник успеа да погоди преку Лилиу и благодарение на повеќе голови на гостински терен да си обезбеди место во второто елиминациско коло во Лигата на шампионите.
Шкендија сега ќе се насочи кон Лигата на Европа што значи дека ќе остане со евро-виза.

