Шкендија нема да биде меѓу носителите при составувањето на двојките за првото елиминациско коло за Лигата на фудбалските шампиони додека Вардар ќе биде меѓу привилигираните кога ќе се составуваат паровите за елиминаскиот дел во новата сезона во Лигата на Европа.
Како можни противници на Шкендија досега се издвојуваат: Лудогорец (бугарија), шкотскиот Селтик, ФК Астана од Казахстан, БАТЕ Борисов од Белорусија, Карабах од Азербејџан, Шериф Тираспол од Молдавија, Црвена Ѕвезда (Србија), шведскиот Малме, норвешкиот Розенборг, финскиот Хелсинки и Њу Сеинтс од Велс. Ждрепката за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите е закажана на 19. јуни.
Вардар ќе биде носител во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа согласно рејтингот на УЕФА. „Црвено-црните“ за да влезат во групната фаза и да го повторат успехот од претходната сезона, ќе треба да поминат четири квалификациски кола.