Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Карлос Тевез, вели дека Кристијано Роналдо е подобар фудбалер споредено со ѕвездата на Барселона, Лео Меси.
Иако поранешниот напаѓач на „гаучосите“ има одиграно многу репрезентативни дуели заедно со Меси, тој е категоричен во проценката дека Португалецот е подобар од неговиот сонародник.
„Меси никогаш не сум го видел во теретана. Никогаш не сум го видел како дополнително тренира или прави интересни вежби. Кристијано сака да биде најдобриот. Кога имавме тренинг во девет часот, јас доаѓав во осум а тој беше таму“ потенцираше Тевез.