Карлос Тевез е нов тренер на аргентинскиот фудбалски состав Инденпендиенте. Легендата на Бока Јуниорс ќе има тешка задача да го задржи неговиот состав во Првата лига.
Тој доаѓа на местото на Зиелински кој заработи отказ по последниот пораз од Колон.
Индепендиенте се пофали со слика на која се гледа како Карлито го потпишува договорот. Тој веднаш ќе почне со работа.