Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед – Лени Јоро е опериран и ќе биде надвор од терените три месеци, соопштија од клубот.
18-годишниот фудбалер ја заработи тешката повреда на контрола со Арсенал минатиот месец. На истиот натпревар одигран во САД, центарфорот Расмус Хејлунд исто така се здоби со повреда на бутот и ќе биде надвор од терените шест недели.
Лени Јоро летово беше привлечен во Манчестер Јунајтед од францускиот Лил. Талентот потпиша со „црвените ѓаволи“ договор на 5 години.

