Македонските кошаркарски екипи ТФТ Скопје и Куманово, денеска ги започнуваат настапите на квалификациските турнир за пласман во ФИБА Европа Купот.
Скопјани во Краснојарск од 14.30 часот ќе ги одмерат силите со Сегед. Доколку победат, во наредната рунда ќе ги очекува меч со Бајројт од (Германија). Во нивната група во полу-финалето ќе биде одигран мечот меѓу Енисеј и Хапоел.
Куманово деби настапот на европската сцена ќе го има против австрискиот Гмунден на турнирот во Гронинген. Мечот е закажан за 19.30 часот. Доколку нашиот тим успее да победи, тогаш ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Бенфика и Волунтари.