Дефанзивецот на Челзи, Тиаго Силва и играчот од средниот ред Н’Голо Канте беа позитивни на коронавирус пред првото полуфинале во англискиот Лига куп против Тотенхем. Ова го соопштил тренерот на тимот Томас Тухел.
„Ова е голема загуба за нас бидејќи ова се важни играчи. Најновите информации за нивната состојба ги добивме утрово“, објави клупската прес-служба низ изјавата на Тухел. Сепак и покрај овој хендикеп, Челзи го совлада Тотенхем со 2:0. Каи Хаверц постигна гол, Бен Дејвис автогол за победа на Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Вториот полуфинален натпревар од Лига купот помеѓу Челзи и Тотенхем ќе се одигра на 12 јануари на стадионот на Тотенхем во Лондон. Актуелен победник во ова натпреварување е Манчестер Сити.

