Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, го коментираше поразот на неговиот тим од Франција со 3-1 во првиот меч за двете земји на Мундијалот.
„Навистина сакавме да го добиеме натпреварот. За жал, ни недостасуваше ефикасност а на Светското првенство сè се одлучува според деталите. Ја губевме топката во значајни моменти“ – рече Тиау.
„Во второто полувреме направивме неколку колективни грешки кои на крајот се покажаа како одлучувачки“ – објасни селекторот на Сенегал.

