Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тибо Куртоа: „Моите одбрани беа решавачки на натпреварот против Интер“
    Фудбал

    Тибо Куртоа: „Моите одбрани беа решавачки на натпреварот против Интер“

    risteBy riste16/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, по натпреварот кој го доби неговиот тим против Интер со 1:0 во Лигата на шампионите, ја истакна својата улога во постигнувањето на позитивниот резултат.

    „Остваривме одличен резултат против силен противник. Моите одбрани беа одлучувачки, но ова е она што се очекува од мене во Реал Мадрид. За време на паузата, разговаравме многу едни со други и со тренерот, а второто полувреме помина малку подобро. Можеби Интер заслужи повеќе, нивните шанси беа поопасни“, изјави Тибо Куртоа, за прес-службата на УЕФА.

    Во 89. минута од средбата Реал Мадрид додје до победа со голот на Родриго на асистенција на Камавинга. Во второто коло од групата Д од Лигата на шампионите на 28 септември, Реал Мадрид ќе го пречека молдавскиот Шериф, кој сензационално го совлада Шахтјор со резултат 2:0, додека Интер ќе игра на гости кај Шахтјор Доњецк.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.

    13/08/2022

    Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата

    13/08/2022

    Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите

    13/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.