Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, по неуспехот на тимот на Светското првенство побегна на Малдиви. „Црвените ѓаволи“ беа елиминирани по групната фаза на Мундијалот.
Голманот и неговата свршеница Мишел Герциг заминале на рајското место веднаш по неговото враќање дома. Двајцата ќе поминат неколку дена во романтична атмосфера, пред Куртоа да се врати на своите обврски во Реал Мадрид. Првиот натпревар на Реал Мадрд по паузата поради светското првенство е на 30 декември.
Среќниот пар сподели неколку фотографии од нивниот одмор. Тие навечер позираат прегрнати на плажа.