Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри може да продолжи со тренерската кариера во Белгија, иако беше поврзуван со тимот на Њујорк Ред Булс.
Според одредени информации францускиот тренер бил поврзуван со локалниот гигант Андерлехт. Тиери Анри верува дека клубот од Брисел е одличен чекор за зголемување на неговото искуство во тренерска кариера.
За последен пат поранешниот напаѓач беше на чело на Монако, но беше отпуштен во јануари оваа година, по серијата слаби резултати. Пред тоа тој беше асистент на Роберто Мартинез во националниот тим на Белгија, со кој го освои бронзениот медал на СП 2018 во Русија.