Тиери Анри потврди за понудата на Даниел Ек за купување на Арсенал

0

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри потврди дека извршниот директор и основач на услугата за стриминг на музика Спотифај, Даниел Ек им дал понуда на сегашните сопственици на „топџиите“ да го купи мнозински удел во тимот.

„Даниел веќе му се обрати на семејството Кронке. Тој самиот ми рече дека собрал средства за да се осигура дека може да даде добра понуда. Сегашните сопственици треба да размислат за ова. Многу фанови извикуваа дека сакаат да се ослободат од нив. Ние легендите на Арсенал се обидуваме да најдеме решение што ќе биде поддржано од навивачите и ќе ја врати ДНК-та на клубот. Треба да се разговара за сè, но Ек веќе ја подаде раката. Мислам дека преговорите ќе бидат долги и тешки, ако тоа некогаш се случи. Единствено што сакам да повторам е дека Даниел Ек нема да оди никаде, тој ќе чека одговор за да види дали Кронке сака да го продаде клубот. Тоа ќе трае многу долго. Знаеме што сакаме да направиме, но пред сè треба да се осигураме дека можеме да ја преземеме иницијативата во наши раце ако сегашните сопственици се подготвени да нè сослушаат“, изјави Тиери Анри за „Скај Спортс“.

Понудата која е дадена е во висона од 2 милијарди евра, а Даниел Ек е поддржан од легендите на Арсенал – Тиери Анри , Денис Бергкамп и Патрик Виеира.

Share.

Leave A Reply