Денес беа одиграни бараж средбите за пополнување на ПМФЛ, а екипите кои оваа сезона беа дел од ПМФЛ остануваат во истата конкуренција и следната сезона.
Тиквеш во Струмица ја совлада екипата на Воска Спорт со 4:1 и обезбеди прволигашки статус за следната сезона, додека Скопје со гол во финишот од натпреварот беше поуспешен од Беласица со 2:1 и со тоа се радуваше на опстанок во ПМФЛ.
Екипите на Беласица и Воска Спорт и следната година ќе бидат второлигаши, но сега ќе играат во единствената втора лига каде конкуренцијата ќе биде жестока.