Фудбалерите на Тиквеш и Воска Спорт за првпат ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако денеска успеаја во реванш натпреварите од полуфиналето да ги елиминираат своите ривали.
Воска Спорт го елиминираше актуелниот освојувач на Купот, Македонија ЃП, додека Тиквеш по подобро изведување на пенали го елиминираше Шкупи.
По триумфот од 2-0 на домашен терен во Охрид, тимот на Воска денеска загуби со 2-1 во Ѓорче Петров, па со вкупен резултат од 3-2 обезбеди пласман во битката за трофејот.
Тиквеш и Шкупи повторно ремизираа без голови, па преку пенали се решаваше патникот во финалето. На крајот подобри изведувачи на пеналите беа фудбалерите на Тиквеш, кои славеа со 5-3, а единствениот пенал кој Шкупи го промеши беше уште во првата серија.

