Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше стадионот во Кавадарци откако еден од судиите на мечот меѓу Тиквеш и Вардар беше удрен со тврд предмет фрлен од трибините.
Тоа значи дека екипата на Тиквеш во наредниот период ќе мора да игра надвор од матичниот стадион.
„Теренот на Градски стадион Кавадарци се суспендира поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија, Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ. Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар“ – стои во објавата на ФФМ.

