Тенисерот, Доминик Тим, кој се наоѓа на осмото место на АТП листата, нема да мора да оди на операција на на зглобот.
Тој поради повредата добиена во јуни на турнирот во Мајорка, мораше прво да ги пропушти настаните на Вимблдон а потоа не беше во можност да ја брани и титулата на Грен Слемот во САД.
„Бев на прегледи во Белгија за да видам дали ќе биде неопходна операција на зглобот, за среќа добив добри вести. Нема потреба од операција”, напиша Австриецот на социјаната мрежа – „Твитер“.