Челниците на фудбалскиот состав Арсенал сакаат да го засилат тимот за наредната сезона во која покрај домашните обврски, ќе ги чека и настапот во Лигата на шампионите.
„Топчиите“ започнале интензивни преговори со играчот на Ајакс, Јуријен Тимбер. Холандскиот фудбалер игра како дефанзивец за клубот и за репрезентацијата на „лалињата“.
Иако е по дефиниција стопер, може да одговори на обврските и како десен бек. Тимбер и се приклучи на младинската академија на Ајакс во 2014 година од екипата на Феенорд.