Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер ќе ја заврши сезоната во Бундеслигата, која завршува на 27 јуни, но нема желба да ја продолжи да игра и на натпреварите во Лигата на шампионите.
Останатите плеј-оф натпревари од програмата на најпрестижниот европски клупски турнир се закажани за август, но Вернер не сака да игра во нив. Неговиот трансфер во Челзи се очекува да биде објавен во наредните неколку дена, откако лондончани се согласија да ја платат неговата откупна клаузула од 53 милиони евра.
Вернер може да настапува за Лајпциг во Лигата на шампионите затоа што неговата сегашна екипа избори пласман во четвртфиналето, но сепак тој сака да се насочи кон својот нов клуб кој е пред елиминација во ова натпреварување.

