Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер сака да го напушти тимот. Ова го објави весникот „Сан“ на Твитер.
Според изворот, англискиот клуб нема да има ништо против заминувањето на 26-годишниот фудбалер, но само ако некој плати околу 39 милиони евра за него. Во јули 2020 година, Челзи му плати на РБ Лајпциг 53 милиони евра за трансферот на играчот. Вернер оваа сезона постигна седум гола и четири асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува во 2025 година.
Пазарната вредност на Вернер е проценета на 42 милиони евра. Вернер има и 48 натпревари за Германија. Тој го имаше своето деби за тимот во 2017 година под водство на Јоаким Лев и доесга има постигнато 22 гола.