Челниците на Аталанта се во напредни преговори за ангажман на аргентинскиот дефанзивец на Феенорд, Маркос Сенеси, информира – „TyC Sports“.
23-годишниот фудбалер кој дејствува во центарот на одбраната може да игра и како лев бек. Холанѓаните го купија Маркос во 2019 година од Сан Лоренцо за 7 милиони евра.
Тој во изминатата сезона одигра 25 натпревари на кои даде три гола и направи една асистенција. Неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра.

