Главниот тренер на фудбалерите на Аталанта, Жан Пјер Гасперини, вели дека одличната серија која го задржа тимот во трката за третата позиција во Серија „А“, треба да продолжи и на наредните мечеви.
„Наша цел е да обезбедиме место што ќе не однесе во Лигата на шампионите и воедно да поставиме нови клупски рекорди. Оддалечени сме само 5 бодови од второто место, што не е малку, но, не се предаваме, ќе се обидеме да го освоиме“ – вели Гасперини.
Екипата од Бергамо на осум кола пред крајот има 63 бодови и фигурира на четвртото место на табелата.