Првите луѓе на ПСЖ се заинтерсирани да купат тројца фудбалери на Реал Мадрид. „Дејли Мејл“ пренесува дека мета на Парижаните се Герет Бејл, Тони Крос и Иско.
Францускиот клуб е подготвен да плати околу 180 милиони фунти за сите тројца иако се уште не е познато дали тие ќе бидат ставени на трансфер листата. Сигурно е дека Бејл ќе го напушти Реал додека за Крос и Иско само се шпекулира бидејќи „кралевите“ го обезбедија потписот на Еден Азар што значи дека еден од нив ќе биде вишок на средината на теренот.
Тимот од „Паркот на принцовите“ во текот на летото сигурно ќе се раздели со Јулијан Дракслер и Единсон Кавани, по што првите луѓе на тимот процениле дека испразнетите места може да ги пополнат токму Бејл, Крос и Иско.