Шампионот Шкендија денеска се пофали со ново засилување. Дресот на тетовскиот тим ќе го облече досегашниот капитен на Силекс, Ангелче Тимовски.
26-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со Шкендија.
„За мене овој трансфер е важен чекор во мојата кариера. Понудата од најдобриот тим во земјата ме замисли и можам да кажам дека ја надмина мојата желба да играм во странство. Шкендија како актуелен шампион има одличен тим и посакувам со моето присуство да му помогнам на тимот да го подигне квалитетот“, рече Тимовски.

