Селекторот на Бразил, Тите, потврди дека големата ѕвезда на тимот Нејмар, веројатно ќе може да игра утре како стартер во осминафиналето на СП против Јужна Кореја.
Како што е познато, напаѓачот на Мундијалот во Катар ги пропушти натпреварите со Швајцарија и Камерун поради повреда на скочниот зглоб која ја доби на мечот со Србија.
„Нејмар ќе тренира попладнево и ако е добар ќе игра утре. Не споделувам информации кои не се вистинити. Претпочитам секогаш да ги имам најдобри играчи од првата минута“ – вели Тите.