Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тите доби доверба, ќе го води Бразил на СП во Катар 2022 година
    Фудбал

    Тите доби доверба, ќе го води Бразил на СП во Катар 2022 година

    risteBy riste26/07/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Тите останува на функцијата уште четири и пол години, а со тоа ќе го води тимот и на Светското првенство во Катар во 2022-та година, ако се пласираат рангира. Ова беше објавено денеска од страна на Фудбалската Конфедерацијата на оваа земја.

    Бразил отпадна во четвртфиналето на Светското првенство во Русија ова лето од силниот состав на Белгија што беше прифатено со измешани чувства. Од една страна раното завршување на два круга пред финалето е далеку од навиките на старите бразилски навивачи, но пак играчите и некои аналитичари го бранеа тренерот поради добрата тимска работа и различната игра во однос на неговите претходници Луис Фелипе Сколари и Карлос Дунга.

    „Федерацијата одлучи да даде почеток на еден нов проект, доделувајќи рок од 6,5 години на техничкиот комитет, кој е одговорен за националниот тим. Ние веруваме, но и исто така внимателно ќе ги следиме процесите, бидејќи очекуваме соодветни фудбалски успеси” изјавија од Конфедерацијата.

    Тите го презеде тимот во 2016 година, кога Карлос Данга започна многу лошо. Но поранешниот тренер на Коринтијанс многу брзо го врати јужноамериканскиот гигант на нозе и со серија од 9 последователни победи ги пласираше на СП 2018.

    Иако беа сметани за фаворити за титулата, сепак Бразил не успеа да одигра натпревар од кој застанува здивот, со исклучок мечот со Белгија и покрај тоа што го загубија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.